На Форумот со месните заедници, со претставниците на месните се дискутираше главно по две точки, и тоа:
Одлуката за распишување на избор за претседатели на месните заедници, донесена од Советот на општина Пробиштип, како и доставување предлог проекти од страна на претставниците од месните заедници со цел да се вклучат во Програмите за работа на општина Пробиштип за буџетот за следната 2023 година. Месните заедници во периодот што следи ќе имаат за задача да ја спроведат постапката за избор на претседатели на месните заедници согласно правилникот и упатствата. Воедно ќе треба да ги издвојат приоритетните проекти за нивните месни заедници и да ги достават до општината, којашто по нивно разгледување ќе одлучува за нивно влегување во Програмите за работа односно во буџетот за следната 2023 година.