Населба Калниште ќе добие комплетно уреден простор за спорт и рекреација за сите граѓани

Изградба на повеќенаменско игралиште и трибини, фитнес зона, зона за одмор и рекреација, детско катче и хортикултурно уредување на просторот на постоечкото игралиште во населба Калниште.

Општина Пробиштип потпиша договор со Бирото за рамномерен регионален развој за финансирање на повеќенаменското игралиште, додека остатокот од содржините дел ќе се финансираат од Агенција за млади и спорт и дел од општина Пробиштип, вкупната вредност на проектот изнесува близу 15 милиони денари. Проектот содржи изградба на повеќенаменско игралиште и трибини, фитнес зона, зона за одмор и рекреација, детско катче и хортикултурно уредување на просторот на постоечкото игралиште во населба Калниште.

 

Со реализација на овој проект населба Калниште ќе добие комплетно уреден простор за спорт и рекреација за сите граѓани.

Општина Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter