Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Терапијата за алергиски ринитис е со лекови во вид на локални инхалаторни спрејови кои содржат топични кортикостероиди, антихистаминици.

  Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

АЛЕРГИСКИ РИНИТ 

   Алергискиот ринит е воспалителна болест на носната (назалната) слузница, која се карактеризира со една или повеќе од следните клинички симптоми: хиперсекреција  (течење) од носот, затнатост на носот, чешање, кивање, кои траат најмалку две недели. 

  Се дели на: 

  • Сезонски алергиски ринитискога постои сезонска експозиција, изложеност на одделни специфични поленски алергени кај предходно сензибилизиранилица, што предизвикува чешање, иритација, назална конгестија, кивавица и воденикаво течење од нос. 
  • Целогодишни алергиски ринитисхронично воспаление на носната слузница со постојано присутни симптоми на чешање, кивање, секрет од носот и носна затнатост 
  • Професионален алергиски ринитиспредизвикан од изложеност на алергени на работното место. 

Причини за појава на алергиски ринитис: 

  – полени во нашето подрачје  

дрвја: бреза, липа, даб, леска, брест, бор 

треви: ливадарка, ежовка 

плевели: пелин, штавел, тегавец, коприва, глуварче 

Габи, особено мувлите и нивните спори 

Професионални алергениникел, хром, кобалт, брашно, лепила 

Алергени со животинско потекло: домашен прав, микрокрлежи, лебарки, секрети на домашни миленичињамачка, куче 

 Фаворизирачки фактори: студен воздух, напор, чад од цигари, алкохол, зачини, емоционални фактори 

  Симптомите на алергискиот ринитис воглавно се опишани погоре и зависат од типот и времетраењето на изложеноста на алергените. Освен локалните симптоми локализирани на носот, често се јавуваат и придружни, општи симптоми како главоболка, намалена концентрација, замор, а сето тоа влијае на општата работна и училишна способност, па имаме чести отсуства од работа или училиште. 

  Аерозагадувањето и големата концентрација на ПМ честички многу неповолно влијае на лицата со алергиски ринитис. 

  Кога симптомите се многу изразени се препорачува да го посетите матичниот доктор, кој првенствено со земање на добра анамнеза, клинички преглед и одредени испитувања (лабораторија , алергиски тестови) ќе постави точна дијагноза и ќе  препорача да отпочнете со соодветна терапија. 

  Мал процент од лицата кои имаат алергиски ринитис можат по одреден период да добијат бронхијална астма поради сличната етиологија на болеста. 

  Постојат мерки на превенција за појава на симптомите на алергиски ринитис, како што се избегнување на алергените, избегнување на престој и физички активности на отворен простор за време на голема концентрација на полен за кој знаеме дека ја предизвикува алергијата, отстранување на теписи, завеси, пердувести перници и сл. 

  Терапијата за алергиски ринитис е со лекови во вид на локални инхалаторни спрејови кои содржат топични кортикостероиди, антихистаминици. Постои и специфична имунотерапија која дава одлични резултати.   

 

Сподели на Facebook и Twitter