Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Кашлицата е симптом и треба да се лекува основната причина и болеста која ја предизвикала, па според тоа се употребуваат и такви медикаменти, како антибиотици, антитусуци, експкторанси, бронходилататори, дренажа, инхалации и др.  

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

КАШЛИЦА ( TUSSIS ) 

Кашлицата е симптом кој се карактеризира со вдишување, издишување и автоматско исфрлање на воздухот од градниот кош. Тaa е неволен, самостоен и автоматски процес. Може да се јави во било која возраст, од раѓање па се до најдлабока старост. 

Причините за појава на кашлица се многубројни. Најчеста во сите возрасти е инфекција на респираторниот тракт без оглед на причинителот ( вирус, бактерија и др. ) Кашлицата може да е предизвикана и од алергија, загаден воздух, пушење или да се јави како симптом на болест на други органи.  

Постојат два типа на кашлица  

– сува кашлица која најчесто се карактеризира со нагол, брз почеток, често кашлање без никаков секрет о најчесто е надразителна, вознемирувачка, а може понекогаш да е придружена со свирење во градите 

-влажна кашлица, која е резултат на создадениот секрет, слуз во респираторниот тракт. Слузот и секретот се со различна густина и во зависност од тоа е и интензитетот и фреквенцијата на кашлицата и искашлувањето 

Кашлицата има свои специфики во детската возраст. Најчесто е предизвикана од инфекции на респираторниот тракт, а поретко од алергии и за среќа исклучително ретко од навлегување на страно тело во дишните паришта.  

Децата во најрана возраст не знаат да искашлуваат, па најчесто кога кашлицата е со секрет тој доаѓа во грлото па тие можат да го повратат или голтнат и исфрлат секретот преку дигестивниот тракт. Честопати децата повеќе кашлаат кога се легнати поради слевањето на секретот од носот. 

Зошто децата кои одат во градинка или други колективи се почесто болни? 

Тоа се случува во есенските и зимските месеци кога децата поголемиот дел од времето се во затворена просторија во која има зголемено присуство на вируси и бактерии, а најчесто неколку деца од групата се болни и инфекцијата полесно се шири. 

Слузницата на дишните патишта е обложена со трепки, влакненца кои имаат улога да ги отстрануваат штетните материи. При првата инфекција голем дел од нив се уништуваат и потребно е време да се обноват. Но во тој период детето се среќава со друга инфекција и затоа доаѓа до често разболување.  

Кај возрасните кашлицата е со други карактеристики. 

И кај нив најчесто се инфекциите на респираторниот тракт и алергиите, но има и многу други причини како што се : 

Астма, хроничен бронхитис, пушење, аерозагадување,професионална болест од прашина како кај рударите, срцева болест, тумори и друго. 

Кај возрасните честопати кашлицата е пролингирана, продуктивна, во зависност од причината. 

Кашлицата е симптом и треба да се лекува основната причина и болеста која ја предизвикала, па според тоа се употребуваат и такви медикаменти, како антибиотици, антитусуци, експкторанси, бронходилататори, дренажа, инхалации и др.  

И хербалните природни лекови можат да бидат корисни но се користат само во консултација со доктор.  

 

Сподели на Facebook и Twitter