Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Редовното вежбање и редовната физичка активност се основен дел на лекување на дебелината.

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

Д Е Б Е Л И Н А (OBESITAS) 

П Р Е К У М Е Р Н А  Т Е Л Е С Н А  Т Е Ж И Н А 

 Тоа е состојба која се дефинира како зголемена, абнормална, прекумерна акумулација на масти што може да го наруши здравјето. 

Зголемената телесна тржина го зголемува ризикот од развој на други здравствени проблеми, како болести на срцето и крвните садови, покачен крвен притисок и дијабетес. 

Дебелината се дијагностицира кај лица  кај кои индексот на телесна маса (ИТМ) е 30 или поголем. ИТМ може да се пресмета кога тежината во килограми ќе се подели во висината во метри. 

До зголемување на телесната тежина доаѓа кога внесот на калории е поголем од количината на калории кои се трошат во текот на дневните активности и вежбање. Телото тогаш го депонира вишокот на калории во обилк на маст. 

Главни причини за дебелина најчесто се: 

– нездрави навики во исхраната – редовен внес на нездрава и висококалорична храна 

– физичка неактивност – лицата кои водат седечки начин на живот без доволно физичка активност 

Постојат многу фактори на ризик за појава на дебелина: 

– генетика, начин на живот, неактивност, нездрав режим на исхрана, возраст, бременост, недостаток на сон, престанок со пушење, други болести, употреба на некои лекови и др. 

Дебелината може да доведе до бројни компликации: 

– покачено ниво на триглицериди и холестерол 

– дијабетес Тип2 

– метаболен синдром (висок шеќер, висок крвен притисок, високи триглицериди и холестерол) 

– болести на срцето 

– мозочни удари 

– болести на жолчното ќесе 

– проблеми во сексуалниот живот 

– гинеколошки проблеми како нередовни менструации и неплодност 

– некои видови на канцер 

Лекувањето опфаќа промени во исхраната и животните навики. Целта е да во почетокот умерено се губи тежината. Програмите за губење на тежина обично опфаќаат диета и промена на однесувањето и зголемување на физичка активност и вежбање. 

Други начини на лекување е со употреба на лекови и во краен случај со оперативен зафат. 

Промените во исхраната не треба да бидат драстични и нереални. 

Некои од промените треба да се: 

– внес на здрави оброци на база на овошје, зеленчук, растителни влакна, како и чисти протеини во вид на грав, леќа, соја, немасно месо и риба 

– да се ограничи внес на сол и шеќер 

– да се јаде помала количина на маст и тоа од здрави извори како маслинки, јаткасти плодови … 

Редовното вежбање и редовната физичка активност се основен дел на лекување на дебелината.  

Сподели на Facebook и Twitter