Предновогодишен хуманитарен настан

Собраните парични средства веднаш беа донирани за малата Меланија од Злетово

Уште една од бројните активности на нашата Ученичка заедница. Овој пат, тие ни организираа Предновогодишен хуманитарен настан. Настан од кој собраните парични средства веднаш беа донирани за малата Меланија од Злетово. Настанот беше организиран со цел вмрежување, интеракција и забава меѓу сите  наши ученици  и пред сè да ја покажеме хуманоста на дело. Благодарност до сите ученици и професори кои дадоа придонес во остварување на настанот. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ

Претседател на Ученичка заедница Василија Василева

Сподели на Facebook и Twitter