ЗАЧЕСТЕНО НОЌНО МОКРЕЊЕ 

Поработете на решавање на примарната причина која може да предизвика вакви тегоби, посетете уролог и гинеколог или матичен лекар кој ќе ги направи основните прегледи и лабораториски анализи 

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

   ЗАЧЕСТЕНО НОЌНО МОКРЕЊЕ 

 Една честа состојба особено кај повозрасната популација која е повеќе во доменот на уролозите отколку на гинеколозите е ЗАЧЕСТЕНОТО НОЌНО МОКРЕЊЕ. 

Станувате неколку пати во текот на ноќта, мокрите и се враќате во постела со што се предизвикува лош квалитетот на сонот, исцрпеност и намален имунитет. 

Меѓу најчестите причини за зачестеното ноќно мокрење се: 

– инфекција на уринарниот тракт 

– вагинални инфекции и полово преносливи болести 

– проблеми со зголемена простата кај мажите 

– повреди на мочниот меур 

– дијабетес, како една од најчестите причини 

– употреба на некои лекови, особено диуретици 

– слаба контракција на мускулатурата на мочниот меур, кај диабетот или кај стресни состојби, доведува до нецелосно празнење на мочниот меур. 

Стресот преку надбубрежната жлезда го активира симпатичниот нервен систем кој е одговорен за нецолосното празнење.Сетете се само колку често мокрите ако треба да присуствувате на некој настан, да патувате или слично, со што се наоѓате во состојба на лесен стрес. 

Еве неколку совети како да си помогнете во вакви случаи: 

– избегнувајте шеќер, брза храна, храна од бело брашно, грицки, газирани сокови и алкохол, а конзумирајте овошје, зеленчук, риба, зрнести житарки, семки и јаткасти плодови. Внесувајте пробиотици за јакнење на имунитетот кои ги има во кефирот, јогуртот, кисело ферментираниот зеленук, кисела зелка, туршија и храна богата со витамин Ц 

– тренирајте го вашиот мочен меур со т.н. КЕГЕЛОВИ вежби. Тоа се вежби со кои се тонизираат карличните мускули. Овие вежби кои ќе ја зајакнат вашата карлична мускулатура можете да видите како се изведуваат и на YOUTUBE 

– смалете го стресот на природен начин со хигиенодиететски режим, правилна исхрана, спорт и физичка активност 

– секако поработете на решавање на примарната причина која може да предизвика вакви тегоби, посетете уролог и гинеколог или матичен лекар кој ќе ги направи основните прегледи и лабораториски анализи 

Сподели на Facebook и Twitter