„Берење на бадникови гранчиња“ 2023 година

Традиционално берење на Бадникови гранчиња - Традиционална манифестација на Општина Пробиштип
На месноста Жгури се одржа петнаесетото издание на манифестацијата „Берење на бадникови гранчиња“. Минатогодишните кумови од една од носечките фирми во општината „Булмак 2016“ и Бранко Стојчевски, кум од граѓанството и годинава се потрудија за убава и пријатна атмосфера и за посната трпеза.
Манифестацијата започна во утринските часови во Етно меана „Кај Чомбе“ каде од претставниците на бизнис секторот се бираше кумот за наредната година. Среќата го сакаше претставникот на фирмата „Гилас Инженеринг“ од Пробиштип. Од граѓанството среќата му припадна на Зоранчо Величков. Со коледарски оган и со убава македонска песна направивме уште еден убав вовед во празниците што следат.
Среќен Бадник и Божиќ!
Инфо Општина Пробиштип
Сподели на Facebook и Twitter