Екипа вработени рудари од рудникот Булмак 2016, во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, утрово замина за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес.
-Веста за катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија не погоди сите, во вакви моменти ја покажуваме хуманоста и солидарноста на нашите граѓани.
Им посакуваме успешно да ја завршат својата хумана мисија.
На сите граѓани од Турција и Сирија, им изразуваме најдлабоко сочувтсво за големите човечки загуби.
Никогаш да не се повторат вакви катастрофи.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
Драган Анастасов – Градоначалник на Општина Пробиштип