Тим Сезнајковци: Ви ја претставуваме Дара Реккард професор по Англиски јазик (втор јазик) во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип

Првата фраза која успеала да ја изговори на македонски била, "Јас се викам Дара"

Дара Реккард е нова во училиштето, таа е дипломиран наставник по англиски јазик, кој во нашето училиште го предава англискиот како втор јазик. Дел од тимот на СЕЗНАЈКОВЦИ разговараше со неа и еве што ни откри. Таа потекнува од Хаваи, Америка. Пред да дојде тука 4 години работела во Јапонија. Вели дека Пробиштип многу и се допаднал и дека тука ќе престојува 2 години. Во градот најмногу и се допаднал Спомен Паркот и ентериерот таму. Има одено и во други градови, од кои најмогу и се допаднал Охрид и чистото Охридско езеро. Исто така многу ја привлекуваат планините кои би сакала да ги истражи. Македонскиот јазик и бил интересен за учење но проблеми имала со изговорот на зборовите без самогласки и разликувањето на буквите кои се пишуваат исто но се читаат различно на англиски и македонски. Македонски учела од септември. Во моментот може да не разбере ако зборуваме. Првата фраза која успеала да ја изговори била “Јас се викам Дара”. Од традиционалната храна пробала приближно се, а најмогу и се допаднало тавче гравче и ајварот. Мотто според кое се води во животот е “Барај утеха”(seek comfort). Љубовта на својот живот се уште ја нема пронајдено и тоа било сосема во ред.

Андреа Стојанова

Сподели на Facebook и Twitter