Еразмус+ е програма на Европската Унија за поддршка на образованието, младите и спортот во Европа. Оваа програма ги поддржува приоритетите и активностите утврдени во Европската образовна област, Акциониот план за дигитално образование и Европската агенда за вештини. Во моментот нашето училиште е дел од Еразмус+ и проектот Think Global, Act Local – Мисли глобално, Делувај локално, проект во рамките на училишно образование кој започна со реализација на 01 Септември 2022. Проектот е насочен кон активности кои се насочени кон outdoor learning – настава во природа во воспитно-образовниот процес. За таа цел во периодот од 19 до 21 Јануари 2023год. се одржа првата мобилност во градот Бишеле, Јужна Италија. Во мобилноста учествува и нашето училиште со наши претставници како и нашите партнери. Тоа е главниот координатор, училиштето Аврам Јанку од Бистрица, Романија, Талат паша Ортокулу од Измир, Турција, Ере Жан Барт од Рен, Франција и Невладината Организација Софија Coworking од Бишеле, Италија. Мобилноста беше изведена во рок од три работни дена во кои претставниците на партнер училиштата имаа можност да присуствуваат на обука за настава во природа при што фокусот беше на активности преку кои се обработија теоријата и начинот на изведба, добри практики и очекувани пречки како и методи на работа за успешно изведување на настава во природа. Овој вид на реализација на проекти е од незаменлив карактер за сите учесници со можност за личен и професионален развој и се надеваме дека во иднина ќе имаме можност да учествуваме и во други проекти.
Тамара Трајчевска