Тим Сезнајковци: Општински натпревар по физика за 8 и 9 одделение и работилница за првачињата на тема „материјали“

Натпревар по физика и наставни активности на учениците од ООУ „Никола Карев“ Пробиштип

На 10.02.2023 год. се одржа Општински натпревар по физика во нашето училиште, за учениците од 8 и 9 одд. На истиот земаа учество три ученика и тоа: 1.Мелани Панова – 8 в ( 51 поен )

2.Андреј Љубев – 8в ( 50 поени )

3.Тадеј Максимов – 8б ( 43 поени )

Според одлука на Комисијата за натпревари на Регионалниот натпревар по Физика ќе учествуваат сите ученици кои освоиле: Минимум 30 бодови на општинскиот натпревар; Така и нашите ученици, под менторство на наставничката Стојна Гичева, имаат можност за учество.

Ана Димитриевска

Денес нашите правачиња по предметот Природни науки ( и во корелација со ликовно образование ), ја имаа наставната тема МАТЕРИЈАЛИ.Работилницата која ја реализираа беше збогатена со различни видови материјали: текстил, пластика, хартија, волна…Оваа работилница е со цел подобро да ги запознаат материјалите кои секојдневно ги среќаваме во се она што не опкружува.Како главна изработка на овај час беа КУКЛИ (фигури изработени од тврд картон). Учениците самостојно ги иработуваа, облекуваа ( кроеа, лепеа, декорираа ).

Сара Јанева
Сподели на Facebook и Twitter