Денес беше остварена средба на Градоначалникот Анастасов со нашите сограѓани – рудари, кои преку Дирекцијата за заштита и спасување беа на спасувачка мисија од последиците предизвикани од катастрофалниот земјотрес во Турција.
На Дарко Начковски, Елвис Арсов и Драган Тасевски општината им додели признанија и нивната хуманост ќе ја награди со по една просечна плата.
Им благодариме и горди сме што имаме вакви хумани сограѓани.
Општина Пробиштип