Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Во случај да се појават овие симптоми, јавете се кај вашиот матичен доктор, кој ќе направи одредени анализи (крвни анализи, урина, уринокултура, ехотомографија) и ќе ви препише соодветна терапија.  

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

ИНФЕКЦИЈА НА УРИНАРНИОТ ТРАКТ 

Уринарните инфекции се едни од најчестите инфекции кај луѓето, особено кај жените. Повеќе од 50% од жените барем еднаш во животот имале уринарна инфекција. 

Уринарната инфекција го зафаќа уринарниот тракт во целост, или негови делови: уретреата, мочниот меур, уретреите или бубрезите. Најчесто инфекцијата е локализирана на долниот уринарен тракт, кој ги опфаќа уретреата (каналчето од мочниот меур до надворешниот отвор и самиот мочен меур).  

Кај жените е почеста инфекцијата поради самата анатомска градба на уринарниот тракт. Уретреата кај жените е пократка, надворешниот отвор се наоѓа во вагината,  исто така е близу и до аналниот отвор, а со тоа многу повеќе изложен на контаминација со фекалните бактерии.  

Инфекциите на уринарниот тракт најчесто се предизвикани од бактерии, а поретко од габички. Како најчест причинител, изолирана во повеќе од 85% од случаевите е бактеријата Escherihia colli, но може да се и други бактерии. 

Постојат фактори на ризик за појава на уринарни инфекции:  

  • кај нарушен имунолошки систем 
  • кај трудници 
  • жени во менопауза 
  • каменчиња во бубрези или мочен меур 
  • кај лица кои носеле или носат уринарен катетар. 

Особено кај жените треба да се внимава  при одржување на хигиената и правилно бришење после дефекација, од напред кон назад. 

Симптоми на уринарни инфекции се: 

  • болка, пецкање и други тегоби при самото мокрење 
  • нагон за често мокрење 
  • притисок во долниот дел од стомакот 
  • непријатна миризба на урината 
  • заматеност на урината 
  • крв во урината (хематурија) 
  • замор, малаксаност 
  • Покачена температура (што може да значи дека инфекцијата се проширила на горниот уринарен тракт и бубрезите) 

Во случај да се појават овие симптоми, јавете се кај вашиот матичен доктор, кој ќе направи одредени анализи (крвни анализи, урина, уринокултура, ехотомографија) и ќе ви препише соодветна терапија.  

Уринарната инфекција успешно се лекува со антибиотици. 

Како превенција од уринарна инфекција следете ги следниве препораки: 

  • мокрите штом почувствувате потреба 
  • мокрите барем на секои 3-4часа (да не се задржува урината) 
  • уринирајте пред и по сексуален однос 
  • практикувајте редовна и целосна хигиена 
  • пијте минимум 2-3л течност 
  • избегнувајте носење на тесна облека 
Сподели на Facebook и Twitter