Честит 8ми Март – Меѓународниот ден на жената

Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената, со цел да се одбележи улогата на обичната жена во историјата, како и нејзината борба за еднаквост, правда, мир и развој.

На 8-ми март се одбележува Меѓународниот ден на жената. Ова е ден на кој што се слават економските, политичките и социјалните постигнувања на жените, како и борбата за женските права и рамноправност. Секоја жена треба да се чувствува почитувана и поддржана не само на овој ден, туку и секојдневно, и да има право да живее со слобода и достоинство во секој аспект на животот. Да ги пронајдеме начините да ги поддржиме жените и да продолжиме да се бориме за рамноправност и инклузивност во сите области на нашето општество.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири. По победата на Болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8-ми март е прогласен за државен празник.

Сподели на Facebook и Twitter