Дебата “Државна матура 2023: Што велат матурантите?”

  -На дебатата дискутиравме за предизвиците со кои се соочивме ние како средношколци во изминатите четири учебни години и како тие ќе влијаат врз нашиот успех и полагањето на државна матура.

Минатата сабота во Europe House Skopje, претседателката на Ученичката заедница од СОУ”Наум Наумовски-Борче”, Василија Василева учествуваше и воедно беше модератор на дебатата “Државна матура 2023: Што велат матурантите?”, организирана од страна на ОДАС-Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите. ”

-На дебатата дискутиравме за предизвиците со кои се соочивме ние како средношколци во изминатите четири учебни години и како тие ќе влијаат врз нашиот успех и полагањето на државна матура -вели Василија Василева. Дел од предлозите на средношколците беа да се намали обемот на материјалот предвиден за полагање матура, изоставање на еден интерен предмет, целосно укинување на полагањето државна матура и сл. Донесените заклучоци ќе бидат доставени и приложени до институциите.

Василија Василева

 

Сподели на Facebook и Twitter