“Малите промени може да направат големи разлики.” Учениците и вработените од СОУ”Наум Наумовски-Борче” во последниов период имаа можност да се ослободат од непотребната стара хартија и пластика во училиштето. Учениците собраа стара и непотребна хартија и непотребни пластични шишиња. Тие отпадот го селектираа во корпи за селекција на отпад, при што подоцна тој беше транспортиран на рециклирање. Целта на акцијата беше подигање на свеста кај учениците и вработените за селектирање, рециклирање и откуп на старата хартија и пластика со цел заштита на животната средина.
Василија Василева