Рекордна посетеност на годинашнашната манифестација „Зелникот на баба“ 2023

Уште едно успешно издание на манифестацијата „Зелникот на баба“ која полека но сигурно станува препознатлив белег на општина Пробиштип.
Десетото јубилејно издание на манифестацијата „Зелникот на баба“ собра најмногу посетители до сега.
Од сите страни на Република Северна Македонија, но и од соседните Р .Србија и Р. Бугарија годинава општа навала за присуство на десетото издание на манифестацијата „Зелникот на баба“. Учесници имаше од 16 општини, надополнети со четири невладини здруженија од Пробиштип и Злетово, збогатени со преставници на Институт „Конфуцие“ при УКИМ Скопје и драгите гости од Алексинац, Република Србија. Имаше богата понуда на зелници и производи од тесто, кои се продаваа на парче, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
И годинава имаше демонстрација на изработка на зелник и печење под вршник и обука на млади како се сука, овој пат со учениците од СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово. Се бираше најдобро украсена етно маса СЗП од Прилеп а, имаше и награда за масата која собра најмногу финансиски средства- жените од с. Ратавица. Посебно интересно беше брзото сукање, каде победи Станојка Милковска од Скопје. По повод јубилејот општина Пробиштип направи брошура за Зелникот на баба, со што се овековечи манфестацијата.
Исто така, на здруженија и поединци беа доделени благодарници и пригодни награди за придонес во растот и развојот на манифестацијата. Институтот „Конфуциј“ и СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово добија благодарници за збогатување на манифестацијата, а ГЗ „Радиност“ од Алексинац, Р. Србија доби награда за трајни вредности.
Огромната посета доволно зборува за каква манифестација станува збор. Се на се уште едно успешно издание на манифестацијата „Зелникот на баба“ која полека но сигурно станува препознатлив белег на општина Пробиштип.
Општина Пробиштип
Сподели на Facebook и Twitter