Пошумување на месноста викана „Крст“ околу манастирот Св. Пророк Илија

Успешна соработка на СПД Пробиштип и Црковниот одбор на манастирот Св. Пророк Илија

Денеска членовите на Спортското планинарско друштво Пробиштип во соработка со членови на Црковниот одбор на манастирот Св. Пророк Илија учествуваа во акција за пошумување на месноста викана Крст околу манастирот.

Беа посадени околу двесте повеќегодишни садници на липа, елка и бор. Со оваа акција планинарите на СПД ПРОБИШТИП сакаа барем малку да допринесат во збогатување на шумскиот фонд и разубавување на просторот околу манастирот. Од оние што стремат кон висините (планинарите), очекувано е да помогнат и допринесат во нивниот раст во средината каде живеат…

Спортското планинарско друштво Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter