Апел за вклучување во хуманитарен проект организиран од Шепасти ентузијасти

Придружете ни се и бидете и вие дел од овој хуман проект!

Нашиот тим, ШЕПАСТИ ЕНТУЗИЈАСТИ, ве поканува да ни се придружите во нашата хуманитарна мисија, изработка и донирање на велигденски креации. Донираните предмети ќе бидат употребени за продажба на штандот на Црвен крст на Велигденскиот хепенинг. Собраните средства ќе бидат наменети за активности поврзани со заштита и благосостојба на напуштените животни. Овој наш хуман проект е дел од ЦХА ПХВ, а е подржан од Здружението ВИТА МАКСИМА- Пробиштип. 

Придружете ни се и бидете и вие дел од овој хуман проект!

Велигденските креации можете да ги предадете во Младинскиот центар секој работен ден од 12-20 часот или во просториите на Здружението ВИТА МАКСИМА, во термин по предходен договор. 

Сподели на Facebook и Twitter