ГОДИШНА ЕКСКУРЗИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ ,,Н.Н. БОРЧЕ“- ПРОБИШТИП

Сите учесници на екскурзијата понесоа големи импресии и воодушевувања од културата и разновидната архитектура со надеж дека ќе имаат можност повторно да ги посетат овие прекрасни места.  

Од 30 април до 5 мај, во рамки на годишната програма, се реализира екскурзија за учениците од трета година, придружувани од нивните класни раководители. 

Дестинацијата беше Италија, во областите Тоскана и Венето. Посетата на стариот дел на Рим, плоштадот Свети Петар, базиликата Свети Петар, ватиканските музеи, шпанските скали, колосеумот, форумите и фонтаната Треви се знаменитостите кои беа посетени во дводневната посета на областа Тоскана. 

Областа Венето за посета ги понуди градот кој е срце на ренесансата, Фиренца, при што беше посетена и палатата Векио, катедралата Дел Фиори, плоштадот Сињори, крстилницата Џовани и мостот Понте Векио. 

Верона им ги понуди за посета куќата на Јулија, колосеумот, стариот замок, пешачката улица Мазини, плоштадите Бра и Ербе. 

Во Венеција ги посетија стариот затвор, мостот Риалдо, мостот на воздишките, базиликата и плоштадот Свети Марко. 

Посетувајќи ги сите овие знаменитости учениците имаа можност да ја запознаат културата и историјата на Италија. 

Сите учесници на екскурзијата понесоа големи импресии и воодушевувања од културата и разновидната архитектура со надеж дека ќе имаат можност повторно да ги посетат овие прекрасни места.  

 Мелита Богатинова 

 

Сподели на Facebook и Twitter