“Која е најГЛАСната ученичка заедница?” Во периодот 9-11 мај во Велес беше оддржан настанот најГЛАСни организиран од страна на организацијата LEAD-Лидери за едукација, активизам и развој. Настанот беше од натпреварувачки карактер т.е. беше избрана најГЛАСна ученичка заедница за учебната 2022/23 година. Од многу пријавени ученички заедници од училишта од целата држава, меѓу шестте финалисти се најде и нашата ученичка заедница. Претседателот на УЗ Василија Василева заедно со потпретседателите Ива Јанева и Бранислав Бранковски под менторство на проф. Елизабета Мијалчева ја претставија нашата УЗ во најдобро светло. •Првиот ден од завршниот настан започнa со посета во Собрание на Република Македонија, а потоа во Велес се започна со меѓусебно запознавање на претставниците од шесте ученички заедници финалисти. •Во текот на вториот ден шесте ученички заедници финалисти работea на нивните планови за 2023/24 година. Се зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат ученичките заедници и како да ги надминат истите во рамки на нивните планирани активности за следната година. •И на третиот ден ученичките заедници финалисти пред стручна комисија ги презентираа активностите, ученичкото учество и својата работа. Како победници и најГЛАСна ученичка заедница за учебната 2022/23 беше избрана УЗ од гимназијата “Јосип Броз Тито” од Битола.