Завршија активностите поврзани со Еразмус+ проектот „Leverage Inclusion Through Healthy Living and Sports“

Учениците од ООУ „Никола Карев“ Пробиштип, задоволни и полни со импресии се враќаат дома

Вчера, 26 мај 2023г. завршија активностите поврзани со Еразмус+ проектот „Leverage Inclusion Through Healthy Living and Sports“, третата мобилност која во рамките на овој проект од 22-26 мај се спроведуваше во Португалија.

Освен со нашите домаќини Португалците, имавме можност да се дружиме и заеднички да реализираме работилници и активности и со претставниците на останатите две земји, наши партнери во овој проект-Србија и Турција.

Нашите впечатоци се повеќе од воодушевувачки, а местата кои ги посетивме и во последните три дена од оваа едукативна посета на Португалија го одземаат здивот!

Запознавме нови другарчиња, откривме заеднички многу од знаменитостите на Porto, Braga и Guimarães, посетивме културни и историски споменици и создадовме спомени кои ќе траат…

Од фотографиите можете да доловите само мал дел од она кое ние успеавме да го видиме и доживееме и нема да згрешам ако кажам дека би сакале уште еднаш да искусиме една ваква авантура…

Поздрав пред тргнувањето од Португалија од Андреј Гоцевски, Андреј Радојковски, Лука Гоцевски, Јана Стојмировска и Ванеса Давиткова, со целосна поддршка од менторот Даниела Милевска Јакимова и директорката на нашето училиште ООУ„Никола Карев“, Атинка Стојчевска Барљамова.

Се гледаме наскоро дома.

Ванеса Давиткова

 

Сподели на Facebook и Twitter