На 26.5.2023 година на ПМФ се одржа државниот натпревар по хемија.
Ученичката Ана Станојковска од деветто одделение освои втора награда со освоени 90 поени.
Честитки за ученичката и менторот, наставничката по хемија Драгица Терзиќ.
На 20 мај 2023 година на Природно- математичкиот факултет се одржа 10. Државен натпревар по биологија.
Нашите ученички од седмо одделение ги постигнаа следниве резултати:
Анастасија Тасева – втора награда
Михаела Ѓорѓиева – втора награда
Честитки за ученичките и уште многу заеднички успеси со нивната наставничка по биологија Силва Зафировска.