Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор
ВАРИЧЕЛA ( ОВЧИ СИПАНИЦИ )
Варичела или овчи сипаници е акутна контагиозна инфективна болест од вирусно потекло.
Варичелата е широко распространета болест и се јавува во вид на помали или поголеми епидемии,најчесто кај деца, но и кај возрасни. Епидемиите се јавуваат претежно во зима или рана пролет, но не е правило.
Преносливоста (контагиозноста) се движи од 70-90%. Преносител на инфекцијата е болниот од варичела, а се пренесува преку флигеовите капки на директен начин. Инкубацијата во просек трае 14-18 дена.
Болеста се одвива во три фази:
- Катарален период – трае 1-2 дена, а може и да го нема
- Исипен период кој често е прв знак на болеста. Исипот повеќе го има на трупот отколку на главата и екстремитетите, но не мора да е правило.
- Рековалесцентен период (период на закрепнување) кој треае 2-3 недели при кој сите красти паѓаат и доаѓа до закрепнување и оздравување.
Дијагнозата се поставува врз основа на епидемиолошката анкета, осипот кој е карактеристичен за оваа болест. Кај заболените потребна е изолација и мирување со спроведување на симптоматска терапија.
Исхраната треба да е млечна, а се препорачува и внесување на пообилни количини на овошје и зеленчук, со цел повеќе да се внесат витамини и минерали.
По прележување на варичелата останува солиден имунитет.