34-годишен жител на Пробиштип пријавил дека бил измамен од две лица за сума од 1.000 евра

Измамникот му дал завиткана хартија во која наводно имало дијаманти како гаранција додека не му ги вратат парите

На 09.06.2023 во 10.30 часот во СВР Скопје, 34-годишен жител на Пробиштип пријавил дека околу 08.30 часот бил измамен од две лица за сума од 1.000 евра. Според пријавеното, лицата му се доближиле и едно од нив му кажало дека неговата сопруга е во приватна болница и дека треба да му покаже пари на докторот, а тој нема моментално во него.

Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а другото лице му дало завиткана хартија во која наводно имало дијаманти како гаранција додека не му ги вратат парите.

Лицата заминале и не се вратиле, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Билтен МВР

Сподели на Facebook и Twitter