Пробиштипските планинари го развејаа македонското знаме на највисокиот врв на Балканот.
Осуммина планинари од Спортското планинарско друштво Пробиштип вчера точно напладне го искачија врвот Мусала во Република Бугарија. Мусала е највисокиот врв на балаканот со надморска височина од 2925 метри и се наоѓа на планината Рила во непосредна близина на ски центарот Боровец. Планинарите од СПД Пробиштип оваа година искачија неколку врвови над 2000 метри како Титов Врв, Пелистер, Царев Врв и се подготвунаат за искачување на врвот Триглав во Р. Словенија.