Денес во кино салата ,,Злетовски рудар“ се одржа аудиција во организација на големото телевизиско музичко шоу ,,Ритамот на Европа“. Пробиштипските млади таленти ги воодушевија организаторите со своите точки, а особен впечаток оставија кандидатите со фантастичните балетски перформанси.
Жири комисијата во состав :
Немања Антониќ, Милан Милинковиќ, Лазар Веселиновиќ и Елена Митева,
имаа навистина тешка задача да одберат кандидати кои ќе го продолжат натпреварувањето, но изборот падна на :
Лука Георгиевски, Калина Кузмановска, Јована Јовановска, Јована Димитриевска и Ана Василева во категоријата танц и Афродитa Гоцева во категоријата вокал.
Тимот на Пробиштип инфо на сите кандидати кои го продолжуваат натпреварот им посакуваат многу среќа .