ИНФЕРТИЛИТЕТ

Со терминот стерилитет се означува потполна неможност за зачнување додека инфертилитет е намалена можност за забременување по една до две години активни обиди

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

ИНФЕРТИЛИТЕТ 

 Секоја жена во еден момент од својот живот сака да стане мајка.За жал тој природен процес не оди секогаш така лесно и не им успева на сите жени, брачни парови, спонтано да забременат, па бараат совети од лекар.Потребата да остави потомство е една од најважните работи во животот на човекот. 

Со терминот стерилитет се означува потполна неможност за зачнување додека инфертилитет е намалена можност за забременување по една до две години активни обиди. 

Статистиката вели дека 100 брачни парови со редовни сексуални односи на два до три дена без заштита, 90 од нив ќе забременат во тек на една година, уште 5% во текот на две години, додека 5% од брачните парови ќе бидат подложени на анализи и третман поради инфертилитет. 

Причините за ваква состојба се подеднакво застапени кај мажот и кај жената, додека кај околу 30% од паровите не сме во можност да ја констатираме причината за инфертилитет, па кај нив имаме потешкотии со терапијата. 

Меѓу позначајните причини се: 

– возраста и одлагањето на раѓање (присутно во последно време) 

– генитални – како аномалии, воспаленија, трауми, тумори, ендометриоза 

– хемотерапија за малигни болести, лекови или тешки психички болести 

– битен фактор е и стилот н живот – стрес , дебелина, прекумерна употреба на кофеин, никотин, алкохол и дрога 

Уролозите кај мажите, а гинеколозите кај жените се специјалистите задолжени за лекување на стерилитетот.Со разни анализи преку крвта на хормоните, со физички прегледи треба да се утврди причината за инфертитлитетот и да се одреди терапија која е медикаментозна или хируршка. 

Доколку со терапиите не дојде до спонтано забременување докторот дава совет дали вонтелесното (in vitro) оплодување е вистинскиот третман за тие жени. 

Сподели на Facebook и Twitter