Втора година по ред, Клуб на млади Црвен Крст Општинска Организација Пробиштип донира училишен прибор за децата од основните училишта ООУ”Никола Карев”, ООУ”Браќа Миладиновци” и подрачните училишта во населба Село Пробиштип и с.Злетово. Вкупно 21 училишен ранец полн со тетратки, моливи, вреkичка за спорт, дрвени и темперни бои, фломастери, oстрилки, шестар, линиар и многу друго, беа предадени на 21 ученици од основните училишта.
Младите од Црвен Крст велат: Почитувани, Со големо задоволство би сакале да Ве известеме дека со цел да го поддржиме образованието на нашите најмлади сограѓани, иницијативата на Црвен Крст Пробиштип ,,ШколскиПриборЗаСите” е успешно реализирана. Децата од основните училишта во општина Пробиштип имаат право на образование, и затоа, ние како заедница, сме одговорни да им го овозможиме најдоброто. По тој повод дониравме 21 училишен прибор во основните училишта.