Долгоочекуваните „ Жуборења од Радика“повторно им донесоа радост на учениците од ООУ„ Никола Карев“. Здружението за афирмација и развој на Реканскиот крај – Рекански Порои распиша конкурс за детски литературни творби кои ќе бидат дел од третото издание на стихозбирката и Манифестацијата „Жуборења од Радика“.
Темата беше слободна, а изборот на наградените творби го направи жири комисијата составена од наши познати писатели, помеѓу кој е и Горјан Петрески.
Им благодариме што дел од наградите припаднаа на нашите ученици.
Честитки за Аница Бранкова 9 одд и Јован Младенов 8 одд кои добија 1 место.
Андреа Стојанова 9 одд и Ана Ампева 9 одд, 2место
Евгенија Адраманова 8 одд и Ванеса Давиткова 8 одд – 3место,
сите под менторство на наставничката по македонски јазик Маријана Ефремова- Кралевска
Маријана Ефремова- Кралевска