Целосно завршена реконструкцијата на улицата “Македонски револуционери”

Овој проект општината го реализираше со поддршка од Министерство за транспорт и врски
Целосно заврши реконструкцијата на улицата “Македонски револуционери” со дел од улиците “Димитар Влахов” и “Јаким Стојковски” со нови тротоари, атмосферска канализација и нов асфалт.
 
Со реализаиција на овој капитален и значаен проект за општината, како и реконструкцијата на спортско рекреативното игралиште, кое ќе има повеќе содржини за спорт и рекреација, наслеба Калниште веќе добива сосема нов урбан лик онака како што доликува на дел кој што е еден од влезовите на градот.
 
Овој проект општината го реализираше со поддршка од Министерство за транспорт и врски, што укажува на одличната соработка меѓу локалната самоуправа и министерството, така и периодот што следи веќе се отпочнуваат повеќе улици кои ќе се реконструираат.
 
Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови на сите граѓани.
 
Општина Пробиштип

 

Сподели на Facebook и Twitter