По повод месецот на штедењето и одбележувањето на 31 октомври- Светскиот ден на штедењето , Халкбанк објави литературен конкурс за најдобар расказ на тема:
„ Мојата желба го обиколи светот “.
Конкурсот беше наменет за сите талентирани и литературно надарени ученици од петто до деветто одделение од сите основни училишта во Македонија.
На овој литературен конкурс учество зедоа нашите ученички :
Лара Милошевска 6в одд. и Јована Ноева 8а одд.од
ООУ „ Браќа Миладиновци “ од Пробиштип под менторство на наставничката по македонски јазик Лила Петрушевска .
Жири комисијата составена од компетентни стручни лица од областа на литературата имаше навистина тешка задача.
Oд 253 пристигнати раскази од сите основни училишта од цела Македонија да се одлучи за 5 најдобри вреднувајќи ги: креативноста, надареноста, амбициозноста, талентираноста, уметничко- стилските вредности и прозните афинитети на сите овие ученици. Kои требаше да дојдат до израз во нивните оринални автентични детски прозни творби-расказите.
Ученичката Лара Милошевска од 6в успеа да го освои 1 место , диплома и детска штедна книшка со вредна награда воедно и да го промовира нашето училиште „Браќа Миладиновци“ од Пробиштип.
Каде посебен акцент се става на негувањето и љубовта кон убавиот пишан македонски збор и учениците се потикнуваат и мотивираат да творат свое лично поетско и прозно литературно творештво.
Воедно да ги изразат и своите рецитаторски и драмски афинитети на часовите по македонски јазик истовремено членувајќи и во литературно драмско –рецитаторската секција во рамките на нашето училиште.
Додека на ученичката Јована Ноева од 8а исто така литературно надарена , талентирана и креативна ученичка и посакуваме повеќе среќа и успех на некој следен литературен конкурс.
Ученици новинари:
Михаела Георгиева,Леона Радованова и Јована Колевска