Во текот на денешниот ден членови на Спортското планинарско друштво Пробиштип во соработка со Црковниот одбор на манастирот Св. Пророк Илија учествуваа во акција за пошумување на месноста викана Крст во Клниште.
Околу манастирот беа посадени околу двесте едногодишни садници на даб и чемпрес. Со оваа акција планинарите на СПД ПРОБИШТИП сакаа барем малку да допринесат во збогатување на шумскиот фонд и разубавување на просторот околу манастирот.
Планинарите и во иднина ќе учествуваат во вакви и слични акции се со цел подигање на свеста кај граѓаните, компаниите и пред се младите од потребата од вакви и слични општествено одговорни постапки и дела.
СПД Пробиштип