Учениците на ООУ ,,Никола Карев“го одбележаа празникот во чест на Св. Климент

Учениците од ООУ,, Никола Карев " го одбележуваат делото на Св. Климент.

Секоја година учениците од ООУ,, Никола Карев ” го одбележуваат делото на Св. Климент. Преку литературно читање во чест на Св. Климент покажаа колку многу е важен овој наш учител. Човекот кој што живеел во втората половина на 9 век, е всушност човекот кој што го посеал семето кое ние денеска го жнееме. Но Климент Охридски за нас треба да остане ликот, што благодарение на неговите житија, денеска се украсени учебниците по македонски јазик. И секако, најважниот плод била азбуката, која произлегува од божественото знаење на неговите учители Кирил и Методиј. Во негова чест учениците организираа час со читање на творби, презентации со цел, споменот за Св. Климент да го оживеат и да трае вечно. Тоа беа стиховите на нашите ученици кои се потрудија и оваа година 8 Декември да се помни.

Маријана Ефремова Кралевка

Сподели на Facebook и Twitter