Светско, а наше!
Хуманитарна проекција на кратки филмови за која што Дом на култура “Злетовски Рудар” – Пробиштип учествува преку обезбедување на киносала. „ТРГОВИЈА“ е едукативен и мотивирачки краток филм кој ги истражува темите на издржливоста, семејството и нескротливиот човечки дух. Преку објективот на овој филм, се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста за трговија со луѓе во нашата заедница и ќе поттикнеме клучни разговори за тоа како, заедно, можеме да направиме разлика.
„Непослушните деца мора да бидат заштитени. – „Шумска Мајка“ (2023) е независен микро-буџетен краток филм од Северна Македонија. Приказната истражува еден старословенски фолклор каде што се верува дека ако децата не ги слушаат родителите, некој или нешто ќе дојде по нив и ќе ги однесе. Приказната го следи Бојан кој се обидува да го задржи својот семеен бизнис, додека неговиот татко не сака тој да биде дел од него поради недостатокот на искуство во областа. Во меѓувреме тој добива телефонски повик за услуга што го тргнува на патување кое никогаш нема да го заборави.
Филмовите се во режија на Марко Јовановски.
Средствата собрани од влезниците ќе се употребат за купување на новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства!!
Ангела Георгиевска