Осмоодделенката Анастасија Тасева се закити со награда

Анастасија Тасева 8-а одд. од ООУ „Браќа Миладиновци “ Пробиштип го освои 3 место под менторство на наставничката по македонски јазик, Лила Петрушевска .

На 16.12.2023г.(сабота) на Филолошкиот факултет „ Блаже Конески“ во Скопје се одржа Државниот натпревар по македонски јазик.

Во една силна конкуренција од 64 кандидати (осмооделенци) со својата амбициозност, посветеност и знаење кон македонскиот мајчин јазик , ученичката Анастасија Тасева 8-а одд. од ООУ „Браќа Миладиновци “ Пробиштип го освои 3 место под менторство на наставничката по македонски јазик, Лила Петрушевска .

 

Со пофалници се здобија следниве ученици :

 

1. Андреј Трајчевски, 7-б одд.ООУ „Браќа Миладиновци“ – Пробиштип, ментор: Билјана Митевска,

2. Андон Анчовски, 7-а ООУ „Браќа Миладиновци“ – Пробиштип, ментор: Билјана Митевска

3.Јована Митрева, 8-б ООУ „Браќа Миладиновци“ – Пробиштип, ментор: Христина Атанасовска и

4. Ана Марија Николова, 9-1 ООУ „Браќа Миладиновци“ – с. Злетово, Пробиштип; ментор: Елена Накова

Кои исто така покажаа солидни знаења и успеси но, повеќе успех и подобри резултати им посакуваме на следните натпревари по македонски јазик.

 

Сподели на Facebook и Twitter