Традиционално и оваа година по повод големиот христијански празник Богојавление или Водици, во осветените води на Аква паркот во Пробиштип се фрлаше осветениот крст, а од многубројните капачи најсреќен беше Бобан Јачевски од Пробиштип. И оваа година општина Пробиштип ги обезбеди наградите за најсреќниот.
Во Злетово најсреќен беше Бобан Јованов кој го фати крстот во водите на Злетовска река.
Пробиштип инфо им честита на најсреќните.