Планинарите од Спортското планинарско друштво ПРОБИШТИП ги интензивираа своите активности во 2024 година.
Викендов беа искачени два врва над 2000 метри надморска височина.
20 члена екипа во неделата заедно со планинари од ЗПЗР КОЗЈАК 2013 од Куманово и ПК ЖЕЛЕЗНИЧАР од Врање во тешки зимски временски услови (силен ветар од 70 km/h, густа магла и температура под -10 степени) го искачија Царев Врв со височина од 2085 метри.
Во Сабота, четири члена екипа заедно со I love hiking од Скопје во добри временски услови го искачи врвот Кобилица еден од најтешките врвови за искачување на Шар Планина висок 2528 метри.
Активностите на СПД ПРОБИШТИП продолжуваат и во наредниот период.
Сите заинтересирани можат да му се приклучат на друштвото, СПД се отворени за нови членови а зачленувањето ќе трае до 31 март 2024 година.