Спортското Планинарско Друштво „ПРОБИШТИП” во текот на вчерашниот ден успешно ја организираше еднодневна планинарска акција „ПЛАВИЦА 2024“ до исотимениот врв Плавица висок 1297 мнв.
Акцијата беше организирана по повод 3-ти Април – Денот на нападот на Пробиштип, а во чест на паднатите борци беше положено свежо цвеќе на споменикот на месноста Солиште и споменикот на спомен паркот „Братство и единство“ во градот.
На акцијата учествуваа повеќе од 100 планинари од повеќе планинарски клубови. Покрај домакините СПД ПРОБИШТИП, учествуваа и ПСК ОСОГОВО Кочани, ЗПЗП КОЗЈАК 2013 Куманово, ПСД КЛЕПА Градско, ПК ОСТРИ ВРВ Кратово и I Love Hiking – group Macedonia.
Планинарската акција беше предвидена во Календарот на акции на ФПСМ за 2024 год.
СПД „Пробиштип“