Прво место за Ана Ампева на Републичка манифестација

Пофалби од манифестацијата стигнаа за Ана и за нејзината песна, со која таа ги опиша убавините на овој голем Христијански празник

По повод 2 Април, Светскиот ден на литературата, во чест на Данскиот писател за деца Ханс Кристијан Андерсен, беше организиран литературен конкурс на тема ,,Велигден” од страна на Здружението ,,Златно Перо” од Битола.

Темата беше конкретна, но целта иста. Да се мотивираат младите поети, со што нивните творби ќе бидат слушнати и прочитани.

Нашата ученичка Ана Ампева од 9 в одд под менторство на нејзината наставничка по македонски јазик, Маријана Ефремова – Кралевска, го доби првото место.

Пофалби од манифестацијата стигнаа за Ана и за нејзината песна, со која таа ги опиша убавините на овој голем Христијански празник.

Честитки за Ана и нејзиното ОУ ,, Никола Карев “.

Наградата нејзина ќе ја краси стихозбирката ,, Мали ѕвездички ”

 

Маријана Ефремова – Кралевска

 

Сподели на Facebook и Twitter