Медали во атлетика за учениците од ООУ ,, Никола Карев ” Пробиштип

Дружбата не беше само од натпреварувачки карактер, туку и забава која беше овозможена од страна на уште еден Еразмус проект

Учениците од ООУ ,,Никола Карев” од Пробиштип, оваа сабота беа гости во Перник, Бугарија и се вратија со освоени медали во повеќе атлетски дисциплини. Дружбата не беше само од натпреварувачки карактер, туку и забава која беше овозможена од страна на уште еден Еразмус проект.

Нашите ученици се покажаа како едни од најдобрите, со што си овозможија уште еден ваков натпревар кој ќе се одржи наскоро во Србија.

Како наставници сме горди што постигнавме ваков успех, како на индивидуално ниво, така и на ниво за нашето училиште.

Учениците беа под менторство на своите наставници по ФЗО Методија Кралевски, Горан Гаврилов и Слободан Петковски

Методија Кралевски

 

Видеото со слајдови од настанот можете до го видите ТУКА.

Сподели на Facebook и Twitter