АМСМ известува дека на патниот правец 2251 Пробиштип-Лесново од 31.05.2022 ќе бидат изведувани градежни работи (асфалтирање).
Комуналните претпријатија од Брегалничкиот регион се пред финансиски колапс. Цените на електричната енергија, кои вртоглаво растат им ги празнат сметките, старите обврски, а кај дел и превработеноста, им трупаат дополнителни долгови. Директорите на комуналните претпријатија од истокот на состанокот со Здружението АДКОМ се пожалија на проблемите кои им ги создаваат енергетската, но и економската криза, објави МИА.