Православните Христијани денес го слават празникот Св. Трифун заштитникот на лозарите и градинарите. Празникот Св. Трифун верниците го сметаат за еден од последните зимски празници и почеток на пролетните празници.Се верува дека Св.Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети,несреќи и болести, поради што луѓето го слават и изведуваат обичаи поврзани со овој празник. Според народните верувања и обичаи на овој ден рано наутро се одело в црква каде попот пеел молитва и светел вода со која верниците ги прскале лозјата по што го изведувале обредното закројување.Во поново време свештени лица одат на лозови насади каде што пеат молитва и го извршуваат симболичното закројување.