ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – СРЕЌЕН ВЕЛИГДЕН!

Сите христијани на овој ден се поздравуваат со поздравот: „Христос воскресна“ на што се одговара: „Навистина воскресна“.

Велигден или Воскресение Христово — најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година од н. е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден, недела по Велики петок.

Во православието, подготвувањата започнуваат со Великите пости. По петтата недела (ден) од великите пости доаѓа Цветната недела, која завршува со Лазарова сабота. Овој ден го означува завршетокот на Великите пости, иако празникот продолжува и следната недела.

Потоа доаѓа празникот Цветна недела (Цветници), Светла седмица, и најпосле самиот Велигден, и постот прекинува веднаш по Божествената литургија. По велигден следи Томината недела, за време на која нема постење дури ни во среда и петок.

Велигденската служба започнува на полноќ (почеток на Велигденското утро). Со тоа што оваа служба е на полноќ, на истата ѝ е загарантирано дека ниедна литургија нема да дојде пред неа изутрината. Ова се должи на фактот што Велигден се смета за „празник над празниците“.

Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот: „Христос воскресна“ на што се одговара: „Навистина воскресна“.

Сподели на Facebook и Twitter