На денешен ден 09 Август

1883 - Во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, комунист, хуманист, воденичар, кафеџија, градинар и слуга, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседавач на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ

916 – Во Охрид умре свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и на црковното беседништво, прв оригинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот, но и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година.

1776 – Роден е Лоренцо Романо Амадео Карло Авогадро, италијански природонаучник, физичар и хемичар. Познат е Авогадровиот закон кој гласи: „Сите гасови при еднакви услови – температура, притисок, зафатнина – имаат ист број молекули“ и претставува основа на теориската хемија и на молекуларната физика. Умре во 1856 година.

1883 – Во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, комунист, хуманист, воденичар, кафеџија, градинар и слуга, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседавач на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ, прв повереник на првата привремена влада на Македонија и иницијатор за формирање на првата новинска агенција на Македонија, најблизок соработник на Методија Андонов – Ченто. Умре на Голи Оток, на 13 јули 1951 година.

1919 – Во Монтекатини умре Руџеро Леонкавало, италијански композитор, претставник на веристичкиот правец во италијанската музика. Негово најзначајно дело е операта „Палјачи“, која зборува за животот на една патувачка артистичка дружина. Роден е во Неапол, на 8 мај 1858 година.

1945 – Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба (првата ја фрлија врз Хирошима, на 6 август 1945 година), врз јапонскиот град Нагасаки, при што градот беше урнат до темел. Загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито  објави безусловна капитулација на Јапонија.

1962 – Умре Херман Хесе, германски писател. Најпознати негови романи се „Игра со стаклени бисери“, „Демијан“, „Сидарта“ и „Степскиот волк“. Во 1946 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е на 2 јули 1877 година.

1969 – Во Љубљана умре Тоне Селишкар, словенечки писател. Со популарност се здоби особено со своите творби за млади. Меѓу неговите најпознати дела се „Трбовле“, „Песни на исчекување“, „Во пазувите на татковината“, „Заринканиот брод“, „Трстјански пат“, „Дружината на синиот галеб“ и други. Роден е во Љубљана, на 1 април 1900 година.

1975 – Во Москва умре Дмитриј Шестакович, советски композитор, пијанист и музички педагог. Создаде околу 100 музички дела, вклучувајќи и 15 симфонии, меѓу кои најпознати се Единаесеттата и Тринаесеттата. Роден е во Санкт Петербург, на 25 септември 1906 година.

1995 – Во Сан Франциско умре Џери Гарсија, легендата на американската поп култура, познат по музичката група „Грејтфул дед“. Роден е во 1942 година.

2012 – Во 86-тата година од животот умре Коле Јордановски, познат инжинер архитект, добитник на наградата „13-ти Ноември“ во 2009 година од областа на архитектурата и градежништвото. Коле Јордановски беше архитект со меѓународно реноме, експерт на Обединетите нации во сферата на архитектурата, генерален директор на Генералната дирекција за обнова и изградба на Скопје. Тој беше претседател на општина Идадија и главен во обновата на Скопје по земјотресот.

Сподели на Facebook и Twitter