На денешен ден

На денешен ден пред повеќе години 16 јуни

1779 – Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар.

1826 – Турскиот султан Мехмед Втори по буната на јаничарите ја укина институцијата јаничари и воведе низам (редовна војска). Институцијата јаничари е воведена во 1330 година со одлука на султатот Орхан. Имено, ги одземале здравите и силни христијански деца, ги потурчувале и со систематска обука ги обучувале како посебна ефикасна воена единица. Мурат Втори дозволил во јаничари да примаат и Турци, а во 1638 година го укинал одземањето на хиристијанските деца. Со ослабувањето на Турција се почесто се случувало јаничарите да предизвикуваат нереди кои со време станувале опасни за турската власт, па така султанот Мехмед Втори во 1826 година бил принуден во целост да ги укине.

1858.- Роден е шведскиот крал Густав Петти, кој во текот на владеењето од 1907 па се до смртта во 1950 година и обезбеди на Шведска неутрален статус во двете светски војни.

1890.- Роден е агнлискиот филмски актер Артур Стенли Џеферсон, познат како Стен Лорел, еден од двајцата актери од познатиот тандем (со Оливер Харди). Филмските процуденти и денеска прибираат профит од нивните филмови, а двајцата актери завршија во сиромаштија. Филмови: „Музичка кутија“, „Наши односи“, „На дивиот запад“, „Двајца добри другари“, „Ние од Оксфорд“, „Голема работа, „Наша жеена“.

1900.- Во Крушево е одржана Првата конференција на македонските социјалисти, на која, меѓу другото, е донесена одлука социјалистите да се приклучат кон ТМОРО. Развивајќи широка пропагандна и револуционерна дејност во редовите на македонската револуционерна организација, македонските социјалисти станаа раководни личности во Илинденското востание од 1903 година.

1943 – Во месноста Моклиште, Кавадаречко, бугарскиот окупатор стрела 12 невини младинци од село Ваташа, Кавадаречко. Откако го блокира селото Ваташа, бугарскиот окупатор изврши претрес на сите куќи и плевни. Бидејќи не успеа да најде ниеден партизан, ги собра напредните младинци – членови на СКОЈ, барајќи од нив да им ги признаат своите врски со партизаните за да им кажат каде се наоѓаат партизанските одреди. Бидејќи ниту еден од фатените не сакаше ништо да каже, Бугарите ги претепаа во просториите на селската кафеана, а потоа ги стрелаа.

1958 – Обесен е унгарскиот државник Имре Наѓ, премиер од 1953 до 1956 година, кога во Унгарија изби антикомунистички бунт. Бидејќи советските трупи го скршија бунтот за која Москва го обвини Наѓ, тој е осуден на смрт како предавник и е обесен.

1961.– Рускиот балетан Рудолф Нуреев побара азил во Франција за време на гостувањето во Париз со ансамблот „Киров“.

1963 – Првата жена-космонаут Валентина Терешкова се вивна во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод “Васток – 6”. Таа беше шести советски, а десетти светски космонаут.

1977 – Претседателот на САД Џими Картер и панамскиот водач Омар Торихос потпишаа договор со кој е предвидено Панамскиот канал да и биде предаден во владеење на Панама во 2000 година.

1992 – САД и Русија потпишаа договор за смалување за две третини на арсеналот на далекустрелните нуклеарни ракети до 2003 година.

1993 – Во Скопје, умре Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Тој е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на Уметничката школа во Скопје, на Уметничката галерија, на ликовната група „Денес“, професор на Педагошката акедемија во Скопје и на Академијата во Багдад, во Ирак. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, Кичево, Велес, Сиудат Мексико. Автор е на повеќе мозаици. Роден е во Прилеп, на 22 октомври 1917 година.

1997 – Република Македонија и Кувајт воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

1999 – Рабо Мбеки од Нелсон Мендела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка.

1999 – Умре прим. д-р Киро Мачески, специјалист по општа хигиена и медицина на трудот со професионални болести, еден од доајените на медицината на трудот во Република Македонија и основоположник на медицината на трудот во Прилеп. Роден е во Прилеп, на 12 април 1921 година.

2001 – Во Сремска Митровица, СР Југославија, се одржа Светскиот куп на ракетно моделарство. Членот на Аероклубот од Штип, Лазар Андонов, го освои првото место. За овој и за други успеси во текот на годината, Светската воздухопловна федерација, со седиште во Париз, го прогласи Лазаров за најдобар моделар на светот за 2001 година.

2006 – Шефовите на државите членки на Европската унија на самитот во Брисел ја усвоија Декларацијата за Западен Балкан во која се наведува дека „мирна и просперитетна Србија, во потполност интегрирана во европското семејство на нации е од клучно значење за стабилноста на регионот“.

2015 – Во седумдесеттата година од животот во Скопје ненадејно почина писателот Тодор Чаловски, соопшти Друштвото на писателите на Македонија. Работеше како новинар во Македонското радио, беше уредник на списанијата „Разгледи” и „Стожер”, беше основач на Книжевната колонија Галичник и член на ДПМ и на Македонскиот ПЕН. Во ДПМ членуваше од 1969 година и извршуваше високи функции во телата на Друштвото – претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ.  Како поет, литературен критичар, есеист и преведувач Тодор Чаловски остави богат и значаен книжевен опус. Меѓу низата впечатливо поетски книги се и стихозбирките: „Ноќ во која те нема”, „Ноќен часослов”, „Сердарски болести”, „Јадро”, „Праг”, „Будна куќа”… Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци” за најдобра стихозбирка на Струшките вечери на поезијата. Поезијата на Тодор Чаловски е објавувана и преведувана на повеќе јазици во одделни книги и во антологии на македонската поезија. Објавен е повеќетомен избор од творештвото на Тодор Чаловски. Чаловски е роден во 1945 година во Гостивар.

Сподели на Facebook и Twitter