На денешен ден 14 Август

1919 - Во Скопје е роден Раде Јовчевски Корчагин, македонски народен херој. Загина во Скопје, во судирот со бугарските агенти и со полицијата, на 20 февруари 1943 година.

1784 – На островот Кодијак, на Алјаска беше формирана  првата руска колонија. Царска Русија ја продаде Алјаска на САД во 1867 година за 7,2 милиони американски долари. Во 1963 година Алјаска стана една од сојузните држави на САД.

1893 – Франција стана прва држава во која е воведено задолжително ставање регистерски таблички на моторните возила.

1900 – Во селото Герман, Леринско, Егејска Македонија, е роден Богоја Фотев, првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“, беше учесник на Првото заседание на АСНОМ,  и прв повереник за финансии, а потоа и за земјоделство во Владата на НР Македонија. Од 1947 до 1950 година беше претседател на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија. Тој беше борец за идеите на ВМРО (обединета), активен револуционер и толкувач на идеите на движењето МАНАПО. Умре во селото Бистрица, на 27 јануари 1993 година.

1900 – Во Кина беше задушено „Боксерското востание“, бунт на потчинетите слоеви против домашната феудална власт. Во крвавата пресметка со востаниците учествуваа корпуси на повеќе земји, меѓу кои  на Германија, САД и Јапонија.

1909 – Во Солун беше извршен втор неуспешен обид за убиство на македонскиот револуционер Јане Сандански и на неговите другари Стојко Хаџиев, Анастас Митрев и Иван Манолев.

1915 – Во селото Никифорово, Гостиварско, е роден Видое Смилевски – Бато, народен херој на Македонија, истакнат револуционер и општествено-политички работник. Умре во Скопје, на 8 септември 1979 година.

1917 – Во Прилеп е роден Сотир Гулевски, македонски писател и литературен преведувач. Литературниот опус му е во знакот на прозата. Автор е на романите „Меѓа“, „Прекршен р’бет“, „Кога карпите р’тат“, „Модро млеко“, на театрологијата „Фурии“, на книгата со раскази „Висорамнина на ровјите“ и на други дела. Умре во Скопје, на 20 јули 1985 година.

1919 – Во Скопје е роден Раде Јовчевски Корчагин, македонски народен херој. Загина во Скопје, во судирот со бугарските агенти и со полицијата, на 20 февруари 1943 година.

1921 – Во Трст – Баркола е роден Џорџо Стрелер. Беше основач и духовен водач на најпознатиот италијански театар „Пиколо“ од Милано и најпознат италијански режисер. Умре во Лугано, Швајцарија, на 25 декември 1997 година.

1934 – Во големиот концентрационен логор „Дахау“, во близина на Минхен, пристигнаа првите композиции на затвореници од разни краишта на Германија, противници на Хитлеровиот режим. За време на Втората светска војна во логорот беа убиени стотици илјади затвореници од цела Европа.

1941 – Официјално беше објавен текстот на “Атланската повелба”, што на палубата на еден брод во западен Атлантик ја потпишаа британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт.

1947 – Пакистан прогласи независност од Велика Британија.

1949 – Конрад Аденауер стана првиот канцелар на Западна Германија.

1972 – Патнички авион на западногерманската компанија „Интерфлут“ се урна во близина на источноберлинскиот аеродром Шенефелд, при што загинаа 165 лица.

1984 – Умре Тигран Петросјан, советски велемајстор и светски првак во шах. Роден е во 1929 година.

1988 – Умре италијанскиот конструктор на спортски автомобили Енцо Ферари, еден од светските пионери на автомобилските трки.

2005 – „Боинг 737“ на кипарската компанија „Хелиос“ се урна во областа Каламус, 30 километри северно од Атина. Загинаа 121 патник и сите членови на екипажот.

2006 – Најмалку 436 лица загинаа, а 140 се водат за исчезнати во налетот на тајфунот Саоми во Кина. Уништи повеќе од 50.000 куќи, потонаа илјада бродови, а околу 1.500 луѓе беа повредени. Овој тајфун е најсилниот кој ја погодил Кина во последните 50 години.

 

Сподели на Facebook и Twitter