На денешен ден 15 Август

1894 - Во Ресен (во куќата на Татарчеви) се одржа советување на првенците на ТМОРО. Со советувањето непосредно раководеа Даме Груев и Пере Тошев.

1057 – Загина шкотскиот крал Макбет, чиј живот го инспирира англискиот писател Вилијам Шекспир, да ја напише една од своите најпознати драми.

1769 – Во Ајачио, на Корзика, е роден Наполеон Бонапарта, француски цар, еден од најголемите војсководци на сите времиња во светот. Во 1904 година беше крунисан за цар. Сакајќи да го освои светот, а претходно покорувајќи ја половина Европа, во 1812 година тргна во напад на Русија, но доживеа тежок  пораз. Во април 1814 година беше принуден да адбицира. Во 1815 година се обиде повторно да дојде на власт и, само по сто дена престој во Париз беше интерниран на јужноатланскиот остров Света Елена, каде што умре на 5 мај 1821 година.

1771 – Во Единбург е роден Валтер Скот, шкотски писател, творец на модерниот историски роман. Собираше народни песни и пишуваше по теркот на народните епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат романите “Ајванхо”, “Кенилворд”, “Старинар” и други.

1883 – Во Врполе е роден Иван Мештровиќ, хрватски скулптор, еден од најголемите современи светски уметници. Изработи голем број релјефи, фигури и портрети, како и многу монументални јавни споменици. Умре во САД, на 16 јануари 1962 година.

1893 – Умре Жан Мартин Шарко, француски лекар, еден од најголемите невролози на сите времиња. Се занимаваше со проблемите на хистеријата, хипнотизмот и склерозата. Роден е во 1825 година.

1894 – Во Ресен (во куќата на Татарчеви) се одржа советување на првенците на ТМОРО. Со советувањето непосредно раководеа Даме Груев и Пере Тошев. Беа донесени значајни одлуки за натамошниот развој на револуционерното движење во Македонија. Ова прво советување на ТМОРО се смета за „голема предилинденска искра“.

1897 – Во селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија, е роден Стојан Христов, американски писател од македонско потекло, новинар и 12 години државен сенатор во САД. Во 1986 година при посетата на Македонија беше основана Фондацијата „Стојан и Маргарет Христов“. Најпознати негови дела се хрониката „Херои и убијци“, романите „Лавот од Јанина“, „Ова е мојата татковина“, „Мојот американски аџилак“ и мемоарскиот роман „Орелот и штркот“. Умре во Томпсон Хаус, во Бретлборо, на 25 јануари 1996 година.

1911 – Во селото Крушаре, Ениџевардарско, беше убиен  Апостол Петков (наречен и како „Ениџевардарско сонце“) македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание. Роден е во селото  Бојмица, Солунско, во 1870 година.

1914 – Со поминувањето на бродот „Анкон“ беше отворен Панамскиот канал, прокоп долг 81,6 километри кој во најтесниот дел на средна Америка го спојува Атлантскиот и Тихиот Океан. Каналот официјално е отворен дури во јули 1920 година, а изградбата која во 1789 година ја почна градителот на Суецкиот канал Французинот Фердинан де Лесепс, а САД ја презедоа во 1901 година, беше проследена со финансиски афери, притисоци и воени интервенции.

1947 – Индија стекна независност. – Национален празник на Индија.

1948 – Јужна Кореја стана независна држава под името Република Кореја.

1962 – Беше пробиен патниот тунел под Мон Блан, највисокиот врв во западна Европа со кој францускиот град Шамони се поврза со италијанската долина Аоста.

1993 – Во Сондерберг, Данска, на последниот ден од заседанието на Меѓународната федерација на студентите по медицина (ИФМСА), Сојузот на студентите по медицина на Македонија беа примени во полноправно членство.

1998 – Во Скопје се одржа Основачко собрание на Нотарската комора на Република Македонија. За претседател беше избрана Зорица Пулејкова.

2003 – Во писмо до Советот за безбедност на Обединетите нации, Либија ја презеде одговорноста за експлозијата на бомба во авионот на „Пан Америкен“ над Локерби во Шкотска во која загинаа 270 луѓе.

2007 – Во земјотресот кој го погоди Перу загинаа 510 луѓе. Најголемото разорување беше во пустинската област на југот од Перу, во градовите Ика и Писко, на околу 200 километри југоисточно од главниот град Лима. Силата на потресот во епицентарот изнесуваше осум степени според Рихтеровата скала.

2008 – Умре Џери Веклсер, пионер на „ритам & блуз“ и музички продуцент. Беше коосновач на културната музичка куќа „Антлантик Рекордс“ која направи револуција во светот на црнечката музика. Како продуцент Векслер продуцираша голем број на познати имиња како што се Реј Чарлс, Арте Гренклин, Вилсон Пикет, Отис Рединг, Вили Нелсон, Шер и Дасти Спрингфилд. Му беше продуцент и на Боб Дилан во составот „Лед Цепелин“. Соработуваше и со Сантана, Џорџ Мајкл, како и со групата „Дајер Стрејтс“.

2012 – На 64-годишна возраст почина Арбен Џафери како последица од претрпен мозочен удар. Неколку години боледуваше од Паркинсонова болест. Џафери завршил Филозофски факултет, а до 1990 година работел во Приштина како новинар. Во политиката беше активен прво како претседател на ПДП, а потоа и на ДПА. Партијата ја предводеше 12 години се до 2007 година кога од здравствени причини се повлече од функцијата. За претседател тогаш беше избран Мендух Тачи, а Џафери стана почесен претседател на ДПА.

Сподели на Facebook и Twitter