На денешен ден

На денешен ден пред повеќе години 24 јуни

79 – Умре римскиот цар Тит Флавиј Веспазијан, основач на династијата Флавиевци. Во текот на владеењето од 69 година победи во борбата против еврејските востанија во Палестина. Во Рим ги подигна величенствените објекти како што се Колосеум, Капитол и Амфитеатарот.

1497 – Англискиот морепловец Џон Кебот ја откри Канада и ја прогласи за Северна Америка под влијание на Велика Британија.

1509 – Хенри Осми, вториот монарх од династијата Тјудор, е крунисан за крал на Англија.

1812 – Францускиот цар Наполеон Први на чело на војската од 611.000 војници (составена од скоро сите европски нации) ја премина реката Њемен и ја почна инвазијата врз Русија. Неговата војска наредните месеци претрпе огромни загуби, но во септември 1812 година сепак влезе во Москва која Русите ја напуштија. Натамошната воена тактика на Русите скоро ги уништи Французите кои до декември 1812 година, кога беа и поразени, ја напуштија Русија. Од 130.000 до 150.000 војници од француската војска преживеаја, а рускиот војсководец фелдмаршалот Михаил Кутузов ги прогонуваше се до Париз.

1861 – Во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век. Зборникот стана поетски учебник за идните генерации македонски писатели. Објавувањето на Зборникот го овозможи познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмаер.

1864.– Во Париз е роден Анри де Тулуз Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата, чии омилени мотиви беа личностите и настаните од ноќниот живот на Монпарнас, во Париз.

1886 – Умре рускиот писател Александар Николаевич Островски, чии дела се основа на рускиот класичен драмски репертоар. Дела: „Шума“, „Бура“, „Таленти и обожувачи“, „Без вина виновни“, „Девојка без мираз“, „Сиромаштијата не е порок“, „Свои сме, ќе се спогодиме“, „Волци и овци“.

1894 – Францускиот претседател Мари Франсоа Сади Карно во Лион е убиен од еден италијански анархист.

1901 – Во Париз е отворена првата изложба на 19-годишниот шпански сликар Пабло Пикасо.

1908 – Умре американскиот државник Стивен Гровер Кливленд, претседател на САД од 1885 до 1889 и од 1893 до 1897 година.

1909 – Роден е англискиот атомски физичар и математичар Вилијам Џорџ Пени, татко на британската атомска бомба. Под негова контрола е испробана првата британска атомска бомба во 1952 година на островите Монте Вело во западна Австралија.

1916 – Почна офанзивата на силите на Антантата на реката Сена, во Франција, во која стотици илјади луѓе, со месеци со своите животи ја плаќаа кратковидоста на своите команданти. Во таа најкрвава битка во Првата светска војна Французите загубија 590.000, Англичаните 412.000, а Германија имаше половина милион мртви и ранети војници.

1948 – Советските трупи по наредба на Сталин ја почнаа блокадата на Западен Берлин, која траеше до мај 1949 година.

1973 – Најстариот светски државник Емон де Валеро (90) даде оставка на функцијата претседател на Ирска, на која беше од 1959 година.

1975 – Меѓународната организација на трудот во Женева, ја усвои Конвенцијата за работниците-емигранти. Конвенцијата предвидува обврска на сите земји-членки да ги почитуваат основните човекови права на сите странски работници на работа во нивното стопанство и да обезбеди еднакви можности за вработување, социјално осигурување и индивидуални и колективни слободи.

1994 – Во Скопје, во издание на Македонскиот светски конгрес, излезе првиот број на светскиот македонски неделник „Македонско сонце“.

2003 – Претседателот на Русија Владимир Путин ја започна историската посета на Обединетото Кралство, како прв шеф на руската држава во официјална посета на оваа земја од 1874 година, кога Кралството го посети рускиот цар Александар Втори.

Сподели на Facebook и Twitter